Жители од улицата „Македонски просветители“ се жалат дека во текот на изминатите четири дена наспроти објектот во кој е сместена Противпожарната служба, течеле фекали поради дефект на канализационата мрежа. Тие тврдат дека дефектот навреме го пријавиле, но и покрај тоа од ЈП „Нискоградба“ не дошле да интервенираат.
– Ова е прометна улица, а во близина се наоѓа и детско игралиште каде играат деца. Неодговорно е надлежните да интервенират дури по четири дена, велат жителите.
Од ЈП „Нискоградба“ тврдат дека дефектот кај нив бил пријавен дури утрово, по што нивни екипи кои биле ангажирани во близина, за кратко време по пријавувањето се упатиле на улицата „Македонски просветители“ и го отстраниле дефектот.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com