Корпулетниот фудбалер Маруане Фелаини најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во турскиот клуб Галатасарај.

Како што информираат турските и англиските медиуми двата клуба се договориле, а фудбалерот со турската екипа ќе потпише петгодишен договор.

Фелаини на Олд Трафорд пристигна од Евертон по барање на Дејвид Мојс, кој неуспешно го замени Сер Алекс Фергусон на клупата од „црвените ѓаволи“.

Белгиецот минатата сезона беше во плановите на Жозе Мурињо и токму Португалецот спречи заминување на Фелаини од Олд Трафорд.

Сезонава плановите се сменаа на „специјалниот“ и веројатно Фелаини се наоѓа на пат за Истанбул да го официјализира трансферот во Галатасарај.

OhridNews