Репрезентативецот на Белгија, Маруане Фелаини отворено зборуваше за лошиот третман во Премиер лигата, иднината на Олд Трафорд и врската со Жозе Мурињо која го остави во дресот на Манчестер Јунајтед.

– Ме означија како агресивен фудбалер и ме третираат како „убиец“. Јас сум само фанатичен, а не и агресивен. Имаше моменти кога ме прогласуваа за злобен фудбалер и тогаш кога правев се` тимот да победи. Што да направам и што да речам кога некој фудбалер ќе ме тргне за коса или кога ќе ме удри со лакот намерно. Минатата сезона на мечот со Манчестер Сити ме исклучија поради удирање со глава на Агуеро, а тој ја исценира цела ситуација. – изјави Фелаини и додаде: – Играчите често сакаат да ме испровоцираат и ми зборуваат се и сешто во текот на мечот. Mинатата сезона добив само четири жолти во 45 натпревари и повторно го добив епитетот „убиец“, што воопшто не го заслужувам.

Фелаини после завршување на оваа сезона ќе биде слободен играч, а Манчестер Јунајтед веќе имал преговори со фудбалерот. – Ми дадоа една понуеда, сигурно ќе има уште една, но не знам дали ќе ја прифатам. Такво нешто не можете да одлучите во еден момент, туку треба да размислите што е најдобра за мене и за мојата фамилија. Да не ме сакаа во Манчестер одамна ќе ми речеа, разговарав и со Мурињо и тој ми кажа дека смета сериозно на мене. – додаде Белгиецот.

Во игра за неговиот ангажман е ПСЖ, но се` уште „светците“ официјално немаат испратено понуда до Фелаини кој на Олд Трафорд се пресели од Евертон.

OhridNews