Манчестер Јунајтед втора сезона по ред ќе остане без трофеј, но за разлика од минатата, оваа „црвените ѓаволи“ се на добар пат да обезбедат пласман во Лигата на Шампиони.
Холандскиот стручњак Луис ван Гал ги среди редовите на Олд Трафорд и почна да ги склопува коцките за следната сезона, за која најавува борба за првите позиции.
– Тренерот е доста строг, секако тоа е добро. Ни требаше таков тренер, бидејќи минатата сезона беше доста лоша, не успеавме да се пасираме во Европа. Ни недостасуваше тренер кој што ќе спушти некои играчи на земја. Кога тој ќе каже нешто, тоа и ќе го стори. Во спротивно ако не го послушате, летате од тимот. – рече Маруан Фелаини.
Белгискиот репрезентативец има замерки за менаџерот, кој го донесе во Јунајтед, Дејвид Мојс како лабилен за разлика од Ван Гал, кој има цврст карактер.
– Ако мора да ве извади од игра на 30 минути пред натпреварот, тој ќе го стори тоа сигурно. Кај мене ситуацијата беше сосема различна, Ван Гал ми рече „докажи се, па ќе видиме“. Сега дури смета на мене, никогаш не постоеше некој сомнеж. Бев повреден на почетокот од сезоната, а тренерот по враќањето ми даде доверба и јас успеав да се докажам. – додаде Белгиецот.
Ohridnews