Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Маруане Фелаини е голема желба на градски ривали, Интер и Милан во зимскиот преоден рок.
Белгискиот репрезентативец не е омилен меѓу навивачите на „црвените ѓаволи“ поради слабите игри сезонава и не се исклучува негов трансфер.
Сепак, последен збор околу неговото заминување од Олд Трафорд ќе има Жозе Мурињо кој и покрај слабите игри му дава шанса на Фелаини.
Корпулетниот фудбалер беше прво засилување на Дејвид Мојс по преземањето на кормилото на Манчестер Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
29-годишниот член на „црвените ѓаволи“ на трансфер пазарот изнесува околу 20 милиони фунти, кои Интер и Милан би требало да ги платат.
OhridNews