„Балтиморскиот куршум“ или Мајкл Фелпс во голем стил замина меѓу легендите на Олимписките игри освојувајќи златен медал надополнет со нов рекорд.
Американецот заедно со неговите колеги во дисциплината четири пати по 100 метри мешано стигна до 23-от медал со златно одличје од вкупно 28 освоени на Олимписките игри.
И за новото злато за Америка клучен фактор беше Фелпс кој направи разлика во третата серија, што значеше победа со зачинета со Олимписки рекорд.
Во една од највозбудливите трки сребрето го освои британската штафета додека бронзениот медал им припадна на пливачите од Австралија.
После завршување на трката целата сала со стоечкиот овации и со солзи во очите го испрати најголемиот и најтрофејниот спортист на игрите на сите времиња.
Фелпс во кариерата настапи на пет Олимписки игри, почнувајќи од Сиднеј 2000 година до Рио годинава.
OhridNews