Турскиот вицепрвак Фенербахче има сериозни планови за следната сезона затоа во летниот преоден рок стартуваше доста активно.
Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џо Кембел беше промовиран како прво засилување, а на пат кон таму се Нани од Манчестер Јунајтед и данскиот репрезентативец Симон Кјаер.
Минатата сезона Нани ја мина на позајмица во Спортинг Лисабон, а менаџерот на Јунајтед, Луис ван Гал и оваа сезона нема да му даде шанса на Олд Трафорд.
Кјаер, кој беше голема желба на Ливерпул моментално игра во францускиот Лил ќе ја зајача одбраната, која беше главен проблем сезоната што измина.
Ohridnews