Топло-ладно ситуацијата меѓу Манчестер Јунајтед и Жозе Мурињо будно ја следи Фенербахче кој во португалскиот стратег гледа рецепт за европски успех.
Сопственикот на клубот од Шукру Сарачоглу стадионот, Азиз Јилдирим подготвил богата годишна плата за Мурињо во висина од 15 милиони евра.
Покрај високата плата „специјалниот“ ќе добие 100 милиони евра за трансфери и целосна контрола на сите структури во клубот.
Манчестер Јунајтед се уште се нема изјаснато за ситуацијата со Луис ван Гал од која зависи иднината на Мурињо.
Ако холандскиот стратег продолжи да го води бродот на „црвените ѓаволи“, Мурињо со сигурност ќе ја разгледа понудата од Фенербахче.
OhridNews