Турскиот фудбалски гигант Фенербахче доведе квалитетно и ѕвучно засилување во името на Луис Нани кој потпиша четири годишен договор со клубот.
Сепак, за официјализирање на трансферот прво ќе мора Нани да ги мине лекарските прегледи кои се закажани за в недела.
Нани минатата сезона ја помина во својот матичен клуб Спортинг Лисабон како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.
Португалецот на Олд Трафорд пристигна 2007 година заедно со Бразилецот, Андерсон од португалскиот шампионат.
Двајцата одлично започнаа во дресот на „црвените ѓаволи“, но не завршија славно онака како што се очекуваше.
Ohridnews