Португалскиот репрезентативец Нани нема да биде единствен фудбалер кој го засили Фенербахче од Манчестер Јунајтед. На пат кон Турција се наоѓа капитенот на „лалињата“, Робин ван Перси за кој нема светла иднина на Олд Трафрод.


Иако врската меѓу него и сонародникот Луис ван Гал беше нераскинлива сепак некаде „пукна“ љубовта и на напаѓачот му се подготвуваше трансфер во тајност.

Ван Перси експлодираше во првата сезона на Олд Трафорд постигнувајќи 26 погодоци и беше најзаслужен за освојувањето на 20-та титула во Премиер лигата.

По продавањето на Нани и Ван Перси медиумите во Англија шпекулираат дека „ѓаволите“ подготвуваат некој мега трансфер кој треба да се случи пред да почнат подготовките во Америка.

Мх.П.