Последнопласираниот тим во Првата машка ракометна лига, Јехона ќе ги лекува раните на охридските ракометари во 19-та рунда од шампионатот.


Охриѓани во 18-то коло ремизираа со лидерот на табелата, Струга и пласманот на позициите кои водат во Супер лигата се сведени на теорија.

“Гладијаторите“ мечот со Јехона ќе го играат во Битола поради суспензијата која му ја изрече комисијата на натпревари пр РФМ за инцидентот со Струга минатото коло.

Екипата по оставката на Горан Андоновски, ќе ја води Ѓоко Апостолов, а тој на располагање ќе го нема Крсте Андоновски, кој е суспендиран шест месеци.

Охридските ракометари натпреварот ќе го одиграат в недела, а дополнително ќе биде одреден терминот.

Мх.П.