Последнопласирана единаеста со шест порази македонската женска кошаркарска репрезентација ги заврши настапите на ЕП Б дивизија во Охрид.


Ниту одмерот на силите со најслабата селекција во Б групата , Естонија не донесе радост за избраничките на Лидија Милкова.

Колективната игра на естонките предводени од Пок која уфрли 22 поени беше доволна за триумф од 73-65 над “црвено-жолтите“.

Најмладата но и најниската селекција на првенството, не успеаа ниту еднаш да се израдуваат на триумф. 22 поени постигна Митрашинович, но подршка од Раденовиќ 15 и Василевска 13 поени беше недоволна за избегнување на поразот.

М.П.