Американскиот пливач Мајкл Фелпс ја продолжи жетвата на златни медали на Олимписките игри победувајќи во дисциплините 200 метри пеперутка и 4 пати по 200 метри слободно во Рио.


Со двете одличја Американецот стигна до вкупно 25 медали на Олимписките игри, а 21 од нив се златен сјај, што го прави најтрофеен спортист во историјата на Олимписките игри.

20-от медал Фелпс го обезбеди со триумфот во дисциплината 200 метри пеперутка со победата над големиот ривал и „златниот“ од Лондон, Чад ле Клос.

До 21-то златно одличје Фелпс стигна со американската штафета која беше најбрза во дисциплината четири пати по 200 метри.

Во Рио, Фелпс ќе има шанса за уште две нови златни одличја и тоа во категориите 100 метри слободно и 200 метри мешано.

OhridNews