Фудбалската школа „Фер Плеј“ од Охрид со две генерации успеа да обезбеди пласман во најдобрите осум екипи во Купот на Македонија.

Фер Плеј во елитното друштво се најде во генерацијата помали петлиња (2005 година) и петлиња (2004 година) победувајќи ја Брегалница од Штип со идентичен резултат 1-0 во двете пресметки.

Во 2005 година погодок за победа го постигна Мартин Димитриески, додека во постарата 2004 генерација стрелец на одлучувачкиот гол беше Филип Попоски.

По пат на ждрепка охридската фудбалска школа ќе ги добие противниците за 1/4 финалето.

OhridNews