Екипата на “Фер Плеј“ со бронзен медал се врати од фудбалски камп турнир во Арилје,Србија, кој е во организирација на ФК Партизан- Белград. Натпреварувањето на традиционалниот турнир кој се одржува дванаеста година по ред, беше во пет категории.

Генарацијата 2003 година, во борбата за третото место ја совлада екипата на Златибор со минимални 1-0. Стрелец на голот, вреден бронзен медал беше Леонид Џајкоски. Неприминлива пречка за “ферплејците“ во 1/2 финалето беше тимот на Кикер, кој триумфираше со 2-0.

Ваквите турнири се големо искуство за
нашите деца. Премногу сме задоволни од пречекот на домаќинот Партизан,
никогаш не се осетивме како гости. Остваривме контакти со челниците на
школата од Партизан, и договоривме соработка за во иднина
– истакна
тренерот на Фер Плеј, Марјан Настески.

 
Во другите категории “виолетовите“, немаа среќа и натпреварувањето го завршија во нок аут фазата. Генерациите 2000 и 2001 загубија во 1/4 финалето на пенали. 

Мх.П.