Фудбалскиот клуб Фер Плеј во периодот од 23 до 25 август на стадионот “Билјанини извори“ ќе го организира вториот меѓународен Фер плеј куп Охрид 2012.

На турнирот се очекува учество да земат околу 50 екипи во пет возрасни категории фудбалерчиња родени 2000,2001, 2002, 2003 и 2004.

Покрај домаќинот ФК Фер плеј ќе учествуваат најдобрите македонски фудбалски школи како Работнички, Македонија ЃП, Пелистер, 11 октомври, Брегалница, Академија Пандев, Караорман, Талент какои неколку реномирани странски екипи како Раднички од Крагуевац Медијана од Ниш, Кикер од Краљево како и охридските фудбалски школи.

Натпреварите ќе се играаат преку целиот ден, а организаторот ги поканува сите охригани да дојдат да ги проследат мечевите на овие млади фудбалерцинја.

За најдобрите се предвидени награди , пехари медаљи и дипломи за најдобар играч најдобар голман и најдобар стрелец во сите пет конкуренции.

Победник на првиот Фер плеј куп е Фк талент од Битола.

Турнирот ќе го отвори градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Ohridnews