Фудбалскиот клуб “Фер Плеј“ од Охрид
по втор пат во низа се пласираше во завршницата на “Интеревропа
Детската Лига” на Детската Фудбалска Асоцијација, генерација 2001. Викендов во Скопје во четвртфиналето на лигата беше совладан силниот Работнички со 2:1.

Младите фудбалери на “Фер Плеј“ во
текот на натпревар играле одлично, а при резултат 0:0 промашија пенал, а
потоа со двата гола на Џавит Сабри поведе со 2:0 и умешно ја сочува
предноста.


Финалниот дел од лигата ќе се одигра на 15 јуни, а Фер Плеј го очекува својот полуфинален противник.

Ohridnews