Охридскиот “Фер Плеј“ претрпе убедлив пораз со 3-0 од Кочани на првиот четвртфинален меч од националниот куп во пионерска конкуренција.

Натпреварот по првиот дел бил изедначен 0-0, а побендикот бил одлучен во вториот дел, кога според охриѓани на високата победа и кумувал штипскиот судија Стојанче Стојанов.

– “Домаќинот беше за нијанса подобар противник, но мечот мина во катастрофалното судење на Стојанов. Посебно во вториот дел прекшоци постоеа само за домашниот тим, а во последната минута од мечот досуди и непостоечки пенал.“ – огорчено велат од охридскиот тим и додаваат. – “Но и покрај се не предаваме со сите сили на “фер плеј“ начин ќе се обидеме да ја анулираме оваа предност.“
Реванш мечот се игра во среда на “Срц Атина Бојаџи“ во Охрид.

М.П.