Експедицијата на Фер Плеј на турнир кампот во Арилје организиран од фудбалската школа на Партизан, го освои третото место. Членовите на фудбалска школа, и тренерите не го кријат задоволоството по учеството на турнирот.


Турнирот во Србија, е искуство повеќе за сите нас. Остваривме контакти со челните луѓе на младинската школа, Душан Трбојевиќ и комплетниот стручен штаб. Тие констатираа дека Македонија, има потенцијал и е расадник на млади таленти, исто така разменавме мислења, идеи и соработката за понатака – истакна тренерот на “Фер Плеј“, Игор Настоски.


“Виолетовите“ веќе втор пат гостуваат во Србија, прво учествуваа на турнирот во Крагујевац а сега беа гости кај српскиот фудбалски бренд Партизан.

Мх.П.