Пилотите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен беа најбрзи на тестовите во Херез, но директорот на „Скудерија“, Серџи Маркионе не очекува чуда на првата трка во Австралија.
– Охрабрувачки делуваат резултатите на новиот болид, но не е целта само да имате еден најбрз круг во целата трка. Имам голема доверба во пилотите. Не очекувам „големи“ работи на гранд при трката во Австралија, но се надевам на напредок – рече Маркионе.
Трката во Австралија е закажана за 15 март, а минатата сезона тимот на Ферари не забележа ниту една победа во текот на сезоната.
Ohridnews