
“Во овој дал на сезоната во фабриката се фокусираме на развојот на болидот за следната година“ – изјави директорот Пат Фрај и додава “Но сепак уште многу можeме да научиме со тестирањето на патеките па после тоа ќе ги носиме одлуките за следната сезона. Како основа за создавање на новиот болит мора да ни биде F14 T “.
Како и да е Ферари се подготвуваа за трката во Сингапур која иако е ноќна трка температурите се високи, околу 30 степени, што значи дека до крај ќе бидат оптеретени системите за ладење и на ЕРС-от. Покрај тоа оваа патека бара големи промени од максимална до минимална брзина што ќе претставува голем товар за системите за кочење посебно на предните кочници.
OhridNews










