Четата на португалскиот стручњак Жозе Мурињо одбраната титула во Премиер лигата не ја започна баш најдобро претрпувајќи три порази во шест натпревари.
Поранешниот англиски репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд смета дека главниот проблем на „сините“ е Немања Матиќ кој игра далеку под своите можности сезонава.
– Четворицата дефанзивци секогаш го штитеа средниот ред од Челси. Сега кога товарот мора и треба да падне на Матиќ да ги разбива акциите на противниците се јавува очигледен проблем. Србинот изгледа уморно и во текот на еден натпревар има неколку безпотребни грешки кои резултираат со погодоци во мрежата од Челси. – истакна Фердинанд.
Тој заедно со Гери Невил, Гери Линекер и Тиери Анри се стручни коментатори на Скај спорт за време на натпреварите од Премиер лигата.
Мх.П.











