Поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд замина во фудбалските легенди откако објави крај на играчката кариера.


36-годишниот фудбалер последната сезона во Премиер лигата ја мина во Квинс Парк Ренџерс, кој не успеа да обезбеди опстанок во елитното друштво.

Сепак, тоа не е причината за повлекувањето на екс стоперот на Манчестер Јунајтед туку губењето на сопругата, која почина по неуспешната борба со ракот.

Фердинанд за англиската репрезентација настапи 81 пат, а најдобрите моменти во кариерата ги мина во Манчестер Јунајтед освојувајќи многу титули под палката на Сер Алекс Фергусон.

Иначе, кариерата дефанзивецот ја почна во Вест Хем, а на Олд Трафорд се пресели од Лидс за сума од 30 милиони евра што уште е најскап трансфер на одбранбен играч во Премиер лигата.

Мх.П.