„Црвените ѓаволи“ во ерата на легендарниот менаџер, Сер Алекс Фергусон освоија неколку титули со победи во последните мигови или минути од натпреварот.

Но, тоа е веќе минато, бидејќи Манчестер Јунајтед е тимот кој има најголем број на изгубени бодови со голови примени после 80-та минута од мечевите во Премиер лигата.


Последен во низата е натпреварот со Евертон на Гудисон Парк кој заврши без победник 1-1, а фудбалерите од Олд Трафорд имаа предност до 89-та минута.

Жозе Мурињо и неговите избраници имаат загубено вкупно седум бодови, односно на четири натпревари примиле погодок кој во три наврати ги чинел победа, а во еден реми.


Погодоци за реми Манчестер Јунајтед прими на дуелите со Арсенал, Евертон и Стоук додека, Ватфорд со два погодоци во финишот обезбеди триумф против „црвените ѓаволи“.

Со вкалкулираните седум бодови од мечевите на кои Јунајтед примил погодок во последните десет минути, сега најтрофејниот клуб во Премиер лигата ќе беше на петатта позиција на табелата со ист број на бодови како четвртопласираниот Арсенал.

Сензација на Бурнмаут, Фелаини го „уништи“ Јунајтед на Гудисон Парк (видео)

OhridNews