Неспортскиот потег на Давид Луиз на мечот со Манчестер Јунајтед ја разбрани фудбалска јавност. Бразилецот исценира брутален фаул од Рафаел, а потоа цинички се насмеа. Прв, кој јавно го искритикува беше менаџерот на “ѓаволите“, Сер Алекс Фергусон.

– Давид Луиз го “поткупи“ судијата бидејќи долго време лежеше на теренот. Мојот играч беше испровоциран, а секогаш тој што враќа на провакацијата ќе заработи црвен картон. Но, не сум изненаден од Луиз бидејќи сите јужноамерички фудбалери се склони кон провоцирање и лежење по теренот – рече Фергусон.

За “ѓаволите“ ова беше прв црвен картон сезонава и прв дуел по пауза од три сезони на кој не постигнуваат гол на домашен терен.

Мх.П.