Сер Алекс Фергусон на пресконференцијата пред мечот со Астон Вила во Премиер лигата ги отфрли шпекулациите за трансфер на Вејн Руни во Пари Сент Жермен.


– Руни често е најдобар на теренот, но во последните неколку дуели не е потребното ниво и одма да го продадаме ?? Во споредба со него Кагава е подобар во моментов и затоа повеќе шанса добива тој него Руни. Иднината на Руни во Јунајтед не е доведена под знак прашалник – рече Фергусон.

В понеделник “црвените ѓаволи“ на Олд Трафорд треба да го направат шампионскиот чекор победувајќи ја Астон Вила, а нивниот градски ривал Сити гостува кај Тотенхем. Со победа на Јунајтед и реми или пораз на Сити, “ѓаволите“ ќе бидат на еден бод од јубилејната 20-та титула во Премиер лигата.

Мх.П.