Некогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон и капитен Рој Кин имаа непланирана средба во авионот, кој се враќаше од Париз за Лондон.


Фергусон во својство на член од УЕФА го следеше мечот ПСЖ и Челси додека Кин беше како стручен коментатор за британската телевизија, која ги има ексклузивните права за Лигата на шампиони.

Англиските медиуми пренесуваат дека во авионот било многу напнато иако Фергусон и Кин не проговориле ништо и немале никаков контакт.

Големата љубов помеѓу нив двајца пукна во 2005 година кога Фергусон го избрка Кин од клубот, а ескалираше откако шкотскиот стручњак го нападна фудбалерот во својата автобиографија.

Кин, пак во својата автобиографија не остана покус и возврати со иста мера и се закана дека кога прв пат ќе се сретне со поранешниот тренер ќе му објасни, но за среќа до тоа не дојде во авионот за Лондон од Париз.

Ohridnews