Англиските медиуми веќе го назначија Жозе Мурињо за нов тренер на Манчестер Јунајтед, но тој не е прв избор или фаворит на Сер Алекс Фергусон за смена на Луис ван Гал.
Фаворит на легендарниот менаџер на Олд Трафорд е тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино кој со својата посветена работа полека ги фасцинира англичаните.
Аргентинецот на клупата од Тотенхем, од клубот успеа да направи стабилен и пред се респектабилен состав кој од сенка (ќе) се бори за титулата во Премиер лигата сезонава.
Фергусон и Мурињо се големи пријатели, но на Шкотланѓанецот му пречи темпераментот и начинот на работа на Португалецот кој не е во рамниште со клубот од Олд Трафорд.
Шкотскиот стручњак еднаш го заобиколи Мурињо во изборот за негов наследник назначувајќи го Дејвид Мојс кој за нецела сезона покажа дека не е вистинскиот човек за предводник на „црвените ѓаволи“.
Дали и втор пат популарниот „Ферги“ ќе го игнорира Мурињо кој сега и тоа како му е потребен на Манчестер Јунајтед за експресно враќање на шампионските патеки.
OhridNews











