Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е првиот тренер во Лигата на Шампиони кој ја предводел својата екипа до 100 победи.

Ваквиот рекорд за “Ферги“ стигна откако “црвените ѓаволи“ во првата рунда од групната фаза со минимални 1-0 го совладаа турски Галатасарај. Стрелец за триумф и јубилеј на менаџерот беше фудбалерот за врска, Карик во седмата минута.

Мх.П.