Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Рун со голот против Стоук во ремито 1-1 стана најдобриот голгетер во историјата на клубот, престигнувајќи го Сер Боби Чарлтон.


Руни со историскиот погодок донесе реми за својата екипа длабоко во судиското продолжение.

– Ова ми значи многу, ми преставува голема чест и многу сум горд. Подобро за мене, за клубот и за навивачите ќе беше ако со мојот рекорден погодок прослававме победа, но генерално задоволен сум од играта, бидејќи доминиравме. Искрено, ова не го очекував кога доаѓав во Јунајтед. Тогаш имаше играчи од светски калибар, а јас бев дете во буквална смисла на зборот. – рече Руни.

Честитки за рекордот на Руни испрати и Сер Алекс Фегрусон кој од трибините го проследи мечот на „Британија“ стадионот.

– Сакам да му честитам на Руни за рекордот и за желбата која ја покажува. Не е лесно да постигнеш толку голови и да обориш рекорд стар 40 години. Руни заслужи место во историјата на Јунајтед и сигурен сум дека ќе даде уште многу голови. – изјави Фергусон.

Токму шкотскиот стручњак е виновник за прераснувањето на Руни во голем играч, откако на 18 години за тогаш рекордни 30 милиони фунти го доведе на Олд Трафорд од тимот на Евертон.

OhridNews