Екипите на Наполи и Јувентус продолжуваат со мртвата трка за врвот во италијанската Серија А, откако и двата состави забележаа победи во 20-та рунда од шампионатот. „Азурите“ на домашен терен славеа над Верона 2-0, додека „старата дама“ со минимални 1-0 го совлада Каљари.

Таличен за „бјанконерите“ беше Федерико Бернандески кој погоди за победа во 74-та минута. Трите бодови може скапо да го чини Јувентус кој остана без Пабло Дибала во текот на натпреварот. Аргентинецот со солзи во очите го напушти теренот и ги остави во неизвесност навивачите на Јувентус.

Резултати: Торино – Болоња 3-0, Милан – Кротоне 1-0, Беневенто – Сампдорија 3-2, Џенова – Сасуоло 1-0, СПАЛ – Лацио 2-5, Наполи – Верона 2-0, Рома – Аталанта 1-2, Каљари – Јувентус 0-1.

Табела: Наполи 51, Јувентус 50, Интер 42, Лацио 40, Рома 39…

OhridNews