Селекторот на Европскиот првак Португалија, Фернандо Сантош уште еднаш успеа да ги израдува португалците откако ја продолжи соработката со националниот сојуз.
Фернандо Сантош на неодамна завршенето првенство во Франција ја одведе селекцијата на Португалија до златен медал, прво во репрезентативната историја.
Селекторот на „европските бразилци“ за останување на клупата одби богат договор од кинескиот тим Пекинг Гуан кој изнесувал 8 милиони евра по сезона.
Кормилотo на Португалија, Фернандо Сантош го презеде по завршувањето на Мундијалот во Бразил каде „селесао“ немаше некој забележителен успех.
OhridNews