Вo последниот ден од зимскиот преоден рок во 2011 година Фернандо Торес за тогаш рекордни 50 милиони евра го засили Челси од Ливерпул.


Шпанскиот репрезентативец на „Стемфорд Бриџ“ го изгуби голгетерскиот инстикт, кој го красеше на „Енфилд“ и „Винсенте Калдерон“.

Торес смета дека притисокот на неговите плеќи бил голем затоа и не успеал да го покаже својот раскош во дресот на „сините“.

– Англичаните многу повеќе гледаат и обраќаат внимание на статистиката него на перформансите на фудбалерот во континуитет. Играњето во Челси беше како да пливаш со мокра облека. Навивачите ми пружија поддршка, но не беше доволно само тоа. Имав преголем притисок, со кој нажалост неможев да се носам, а работите никако не тргнаа во моја насока. – рече Торес.

Тој од Челси се пресели во Милан, а „росонерите“ како позајмен фудбалер го одстапија во Атлетико Мадрид.

Мх.П.