Пенал рулетот втората година по ред е среќен за Атлетико Мадрид во осминафиналните двомечи во Лигата на Шампионите.
Минатата сезона „јорганџиите“ го елиминираа Баер Леверкузен, а годинава ПСВ Ајндховен за пласман меѓу најдобрите осум на стариот континент.
– Среќни сме поради пласманот во 1/4 финалето, а горди пак, сме поради тоа што не паднавме физички и психички во ниту еден момент. Во пенал рулетот констатно бевме на работ од елиминацијата бидејќи шутиравме втори, но силно го надминавме. Немаше кој знае каков фудбал во двата меча со ПСВ, но сепак во вакви средби победува и карактер кој несомнено ние го покажавме. – рече Фернандо Торес.
И тој беше еден од прецизните пеналџии изведувајќи го петтиот пенал во серијата. Одлуката за четвртфиналистот падна во осмата серија кога Лусијано Нарсин промаши, а Хуан Фран погоди.
ЛШ: Сити за историја, пенал рулетот му се насмевна на Атлетико Мадрид (видео)
OhridNews