Фудбалскиот клуб “Ферплеј“ го освои четвртото место на дебитантскиот настап во Детската лига за генерација 2001 година. Охриѓани во полуфиналето претпреа несреќен пораз со 2-1 во последната минута од мечот од ФК “Форца“ кој и триумфраше во лигата.


Стрелец на единствениот гол за Ферплеј беше Виктор Наумовски. За најдобар голман во лигата беше прогласен голманот на Ферплеј,  Петар Толевски. – Потполно го надигравме противникот но не’ напушти спортската среќа. Висеше голот на Форца, а се затресе мрежата на Ферплеј и тоа во последните момент. Но одиме понатаму. Резултатите на оваа генерација треба да се очекуваат неколку години подоцна – вели тренерот Игор Настоски.


Настоски потенцираше дека за младите фудбалери најважно е да се натпреварувараат и да другаруваат со своите врсници.  – За нашите деца важно е фудбалски да се развиваат низ мечевите со нивните врсници од Работнички, Слога, Вардар,Металург. . . . Оваа есен покрај другите мечеви секоја втора сабота патувавме во Скопје да играме во детската лига со квалитетни противници -истакна Настоски.


По одиграното финале активностите на ФК Ферплеј завршија за ова календарска година. Виолетовите со фудбалските активности ќе продолжат од 20 Јануари со тренинзи во спортската сала  каде ќе останат до месец Март кога ќе дозволат условите да се преселат на зелениот терен. Во агендата за работа за 2011 год. Предвидени се уште многу натпревари како и гостувања на клубот надвор од државата.

М.П.