Генерацијата 2001 од Фудбалската школа “Ферплеј“ од Охрид се пласираше во финалниот турнир од лигата на детската фудбалска асоцијација кој се игра Скопје.


 

Во четвртфиналниот натпревар избраниците на Игор Настевски беа подобри од своите врсници од скопски Металург победувајки со 4:2. Стрелци на головите беа: Арсенов Марко, Сабри Џавит, Петрески Кипријан и Наумовски Виктор. Објективната скопска публика со аплауз ги поздрави и испрати младите охриѓанчиња. Финалниот турнир ке се игра на 18 декември во Скопје.


Фудбалската школа на Ферплеј оваа есен одигра околу 30 меча во повеќе возрасни категори во рамките на лигата на детската фудбалска асоцијација со своите врсници од фудбалските школи на Работнички, Металург, Вардар, Македонија, Слога, Борец, Куманово, Форца, Шкендија, Цементараница, Маџари, Витези.


 
“Виолетовите“ исто така одиграа и серија пријателски натпревари со екипата на Раднички од Крагуевац.

М.П.