ОСК “Фер Плеј“ од Охрид се врати со сребрен медал од турнирот “ Куп на млади надежи“ што викендов во организација на спортската школа “Млади надежи“ се одигра во Сараево.


Генерацијата фудбалери родени 2002 години, откако нанижаа серија победи, во финалето беа поразени од српскиот “Арлије “со 2-0.

– Задоволни сме од одзивот на овој премиерен турнир кој го организиравме по повод отварањето на Спортската школа “Млади Надежи“. Доста пријатно не изненадија охриѓани кои беа хит на овај турнир – велат организаторите на натпреварувањето.

Претходните денови генерациите 2000 и 2001 беа елиминирани во четвртфиналето.

М.П.