
Оваа одлука е донесена откако Бирото за лекови во средата писмено беше информирано од компанијата Фармасвис ДООЕЛ, која е застапник на производителот Bristol-Myers Squibb од Франција, дека согласно Законот за лекови и медицински помагала, од нивна страна е одлучено доброволно и превентивно да ги повлече сите серии од производот, пренесува „Макфакс“
„Повлекувањето е како превентивна мерка додека трае испитувањето на сите лотови на производот Fervex®Adult Raspberry, кој не е регистриран во Македонија и никогаш не бил присутен на македонскиот пазар, ниту на пазарот во соседните земји. Овој производ е со слична формулација на гранулите Фервекс во кесички за возрасни кои се присутни и се продаваат на нашиот пазар”, се вели во соопштението на Бирото за лекови.
Од компанијата посочуваат дека се преземени сите потребни превентивни мерки и резервите од сите серии од овој производ се повлечени од дистрибутерите на големо, а истото продолжува да се врши и од аптеките во најкраток можен рок.
Превентивно и доброволно повлечените производи се складирани во магацин сé до добивање на тамошни инструкции на производителот Bristol-Myers Squibb од Франција.
извор:„Макфакс“












