Со прикажување на филмот „Родители“ во сабота на 18-ти октомври 2014 година, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, ќе започне програмата од „Фестивалот на новиот германски филм“, кој се организира под покровителство на Германската амбасада во Македонија.

Освен во Охрид, филмски проекции од десетото издание на овој фестивал, ќе бидат прикажани и во Скопје, Тетово, Битола, Велес, Прилеп, Струмица, Штип, Кавадарци и Куманово.

Во рамки на филмската програма програма које е предвидена за Охрид, во недела на 19-ти октомври ќе биде прикажана комедијата „Фак ју Гете“, а во понеделник на 20-ти октомври ќе има проекција на филмот „Паркот на среќата“. За крај на програмата, на 21-ви октомври ќе се прикажува документарниот филм „Германија од горе“. Проекциите на сите филмови започнуваат во 20 часот, а влезот ќе биде слободен.

Освен за возрасните, германскиот филмски фестивал има предвидено и програма и за деца, во чии што рамки на 19-ти и 20-ти октомври со почеток во 11 часот ќе биде прикажан филмот „Рики“.

OhridNews