Филмската програма на Францускиот филмски фестивал кој по шести пат се оддржува во земјава, од денеска започнува во Охрид.
Во НУ „Центар за култура „Григор Прличев“ од 20 часот, фестивалот ќе го поздрави градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Охридската публика денеска ќе може да ги проследи филмовите „По мај“ од режисерот Оливие Асајас, „Ангела и Тони“ во режија на Аликс Делапорт и проекциите на краткометражни филмови.
На 29 јуни следуваат „Машкуданка“ на Селин Шјама, „Во куќата“ на Франсоа Озон и „Младешка љубов“ од режисерот Миа Хансен.
На 30 јуни е предвидено свеченото затворање на фестивалот со проекција на филмот „Последна изборна кампања“ што ќе се изврши во присуство на режисерот Бернар Стора.
Како што истакнуваат организаторите, и годинава целите на фестивалот остануваат исти: прикажување на француската кинематографија на балканските простори, понуда на најдобрите француски филмови од најнова продукција и дебати со гостите по проекциите.
Инаку, свеченото отворање на фестивалот беше во скопското кино „Синеплекс“, каде изминативе два денови се прикажуваа филмови.
OhridNews