Фестивалот Охридско Лето изрази жаење за смртта на светската оперска легенда Дмитри Хворостовски кој почина на 55 годишна возраст во неговиот дом во Лондон, по двегодишна борба со тумор на мозокот. Тој ќе остане запишан во фестивалската историја како една од најголемите ѕвезди кои настапиле на отворањето на „Охридско лето“.

– Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј, кој на отворањето на Охридското лето во 2013 година одржа спектакуларен концерт во Античкиот театар. – истакнаа од НУ фестивал „Охридско лето“.

Хворостовски беше еден од најпопуларните оперски изведувачи во поновата музичка историја. Има настапувано на најголемите светски сцени, со најпознатите солисти и диригенти.

Роден е во Краснојарск, Сибир, Русија на 16 октомври 1962 година. 

OhridNews