Се „расчистува“ теренот за избор на нов директор во „Охридско лето“
Тоа значи дека фестивалот за само 3 месеци ќе добие трет директор, откако Тони Симоноски кој директоруваше речиси 4 години беше сменет непосредно пред почетокот на 50-то издание на фестивалот, а актуелниот в.д. заминува во пензија. Партиските кујни веќе работат, а наскоро се очекува да биде распишан и конкурсот за избор на директор. Ќе видиме ли уште едно партиско решение на директорската позиција во „Охридско лето“ или можеби шанса конечно ќе добие непартиска личност. Ќе видиме.