Во текот на трите дена се предвидени повеќе видови уметнчко- културни настани кои ќе се одвиваат на просторот на Летната бавча при Центарот за култура, која ќе профункционира по долга пауза.
– Засега просторот е расчистен, поставено е платно за проекции, има осветлување и сето тоа е направено со средства од министерството за култура. Од локалната самоуправа добивме ветување дека ќе ни помогне во доуредувањето на просторот, вели директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска.
По теркот на претходниот фестивал ,програмата и оваа година опфаќа: цртање на графити, проекција на филмови, инсталации, перформанси, изложби, рецитали, музика, работилници.
Ќе учествуваат млади уметници од државава од различни уметнички профили, како и учесници од многу други земји од Европа, студенти на ФАМУ.
За филмските проекции направена е соработка со Антонио Вељаноски – студент на Филмскиот и ТВ Факултет на Академијата за сценски уметности во Прага – “ФАМУ”. Во рамки на проекциите охриѓани ќе можат да го проследат и последното филмско остварување на македонскиот режисер Иво Трајков.