Германскиот пилот Себастијан Фетел во редовите на италијанскиот тим Ферари ја продолжи својата традиција на давање име на своите болиди. Фетел секогаш им давал женско име на своите болиди, а оваа година за Ферари SF70-H  го одбра името Џина.

“Името Џина е од латинско потекло и скратено од Реџина и значи кралица“ – пренесува германскиот „Билд“.

Овај медиум имаше и краток разговор со “професорот“ Алан Прост на тема Ферари во 2017 и можностите на италијаните да го паднат од тронот Мерцедес. Французинот верува дека ова е можно.

– Ги гледав тестирањата на тимовите во Барселона и приметив дека Ферари е претерано брз во брзите кривини. Ова значи дека аеродинамичкиот пакет на Ферари е најдобар и мошне ефикасен. Тоа е добар знак за овај тим. Секако дека треба да се земе во предвид и количината на гориво со која возеа болидите, компонентите на пневматици, подесување на моторот, но сепак мислам дека Ферари за оваа година е најдобро припремен“- изјави Прост.

Дали ќе биде како што мисли Прост и дали Фетел ќе стане „крал“ со својата „кралица“ ќе видиме за само 4 дена кога стартува светското првенство во Мелбурн.

OhridNews