Германскиот пилот, Себастијан Фетел прв пат во базата од Ферари, Маринело имаше можност да го проба болидот на својот нов тим.
– Ова беше неверојатно искуство. Пред првиот тест слушав многу бајки за болидот на Ферари и не верував дека се вистински. Сега во се верувам и кажувам дека е магично. Не очекував дека толку многу луѓе ќе дојдат да ме видат кога го тестирам болидот – рече Фетел.
Четирикратниот првак во Формула 1 редовите на Ферари ги засили од Ред Бул, а голем број на навивачи го поздравија Германецот од кого се очекуваат титули.
Мх.П.