Веднаш до него се најде и неговиот клупски колега Марк Вебер, кој се потруди за најдобриот резултат на Ред Бул во историјата на нивните учества во Ф-1 шампионатот. Досега непобедениот сезонава Џенсон Батон заврши на третото место, додека Рубенс Баричело (исто така на Браун ГП) го освои четвртото место. На петтата и шестата позиција се најдоа возачите на Мекларен, Хеики Ковалаинен и Луис Хамилтон.
Уште едно разочарувачко натпреварување за Ферари, Раиконен остана на 12. место, додека Маса не успеа да ја заврши трката. Скудеријата по трите извозени трки се уште нема освоено ниту еден бод.