Себастијан Фетел во втората трка во болидот од Ферари ја забележа првата победа откако триумфираше на „Сепанг“ за големата награда на Малезија.
Тој во „шаховска“ трка успеа да го совлада Луис Хамилтон, кој не ја искористи пол позицијата на стартот од трката.
– Оваа победа ми е многу драга поради мојот идол Михаел Шумахер. Растев гледајќи го Шуми како победува во црвениот болид, а не е тајна дека ми беше сон еден и јас тоа да го направам. Сега, кога сето тоа стана реалност, се чувствувам чудно и неверојатно. – рече Фетел.
После првата победа и притисокот ќе се намали на плеќите од Фетел од кој сите имаат големи очекувања.
– Мојата цел и целта на тимот е иста, шампионска титула. Одлично се чувствувам во Ферари. Иако можеби ќе ми замерат, но морам да признам дека се тресев од страв во последните кругови од трката. Се плашев да не ми се случи нешто непланирано и да останам без победата, која многу ја посакував. – заврши Фетел.
На табелата германскиот пилот се наоѓа на втората позиција со три бодови заостанување од првопласираниот Луис Хамилтон.
Мх.П.