Себастијан Фетел на трката за ГН на Јапонија има казна со три места поназад од стартната листа заради инцидентот со Розберг на трката за ГН на Малезија.
“Ќе биде тешко но не и невозможно“ изјави Себастијан за можноста за претекнување на Сузука. “Добро е што не сме во Монако. Метеоролозите спомнуваат и дожд во некој дел од викендот па возачите мора да бидат подготвени и на тоа. Овде претекнувањето е доста тешко но тоа не значи дека е невозможно. Затоа не ме загрижува мојата казна.“ – додаде Фетел.
На првиот слободен тренинг Германецот беше побрз од колегата Раиконен, но на вториот тренинг имаше петто место додека Кими ги следеше двата Мерцедеси со мало задоцнување.
“Мислам дека имаше помирен круг од мене“ рече Фетел за Раиконен. “Генерално не сум сосема задоволен со балансот, но тоа е нешто на кое можеме да работиме. Утрово повеќе се сконцентриравме на меките гуми. Засега мораме да работиме на брзината на болидот. На Сузука ако се сетира добар „грип“ тогаш фантастично се чувствувате во управувањето на болидот. Мислам дека и балансот и грипот сме способни да го подготвиме добро за оваа патека“. – истакна Фетел.
OhridNews