Фудбалската федерација на Македонија е заинтересирана за ревитализација на стадионот “Билјанини Извори“, но за ваков поголем инфаструктурен зафат потребен е заеднички проект во кој учество покрај ФФМ ќе земат локалната самоуправа и ЈП “Билјани Извори“.

–  ФФМ секако е заинтересиран за ревитализација и навистина жалосоно е што Охрид кој ги има сите преостанити услови нема спортска инфраструктаура за одржување на подготовки на националните селекции како и одигрување на меѓународни натпревари поготово во младинските категории.   Мислам дека е време ФФМ, заедно со локалната самоуправа и ЈП Билијани Извори сите заеднички да направиме проект да превеземемр нешто да создадме услови фудбалските екипи во регионот па потоа националните младинските екипи, па и А селекцијата да го користат стадионот и инфраструктурата на СРЦ Билјанини Извори. – истакна Климпер кој во Охрид присуствуваше на редовното годишно собрание на ОФС Охрид.

Климпер потенцираше дека по иницијативата во која беа доделени дресови за младинските екипи, ФФМ во периодот кој доаѓа ќе ги снабди екипите во Општинските фудбалски сојузи со нови топки, а ќе помага и со друг вид на реквизити.


М.П.