Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги изрече санкциите по црвените картони на натпреварот од првото коло во Втората МФЛ меѓу ГФК Охрид Лихнидос и ЗФК Новаци 2005.

Фудбалерот на Охрид Лихнидос, Албнор Каба, е казнет со забрана за настап на четири натпревари поради директниот црвен картон добиен на средбата.

Иста казна од четири натпревари доби и фудбалерот на Новаци, Стефан Спироски, кој исто така беше исклучен со директен црвен картон.

Фудбалерот на Новаци, Јусуф Каба, ќе паузира еден натпревар поради добиен втор жолт, односно црвен картон.

Санкции има и за претставници на двата клуба. Претставникот на Новаци, Игор Стојкоски, и претставникот на Охрид Лихнидос, Благоја Буџакоски, се казнети со забрана за вршење функција во траење од еден месец поради добиените црвени картони.

Охрид Лихнидос во воведното коло во новата сезона на Втората МФЛ го совлада Новаци на “Билјанини извори” со 2:1.

Г.М.